Обединетото Кралство (УК) повеќе не е член на ЕУ а одложувањето на Брегзитот е нелегално, тврди поранешен британски судија, а за медиумите во Англија ова е „шокантно тврдење“.

Датумот кога УК требаше да се разведе од Брисел беше 29 март, но се доби пролонгирање до 12 април. Но, како и да е британскиот лидер на демократите, Робин Тилбрук тврди дека новиот датум за излез требаше да биде одобрен од Долниот дом и од Домот на лордовите пред тој да биде усвоен.

Тилбрук почна законска битка пред Високиот суд сметајќи дека УК веќе ја напуштила Европската унија, а во судското образложение тој тврди дека премиерката Тереза Меј нема овластување да го пролонгира првобитниот датум од 29 март.

Ова доаѓа во период кога поранешниот апелациски судија сер Ричард Ејкенс изјави дека одложувањето на примената на Членот 50 од Лисабонската спогодба е организирано на „многу незадоволителен“ и „веројатно нелегален“ начин.

„Ако тврдењето е коректно, тогаш тоа значи дека според британскиот закон ние сме ја напуштиле ЕУ минатиот петок во 23 часот. Договорите веќе не се важечки и УК веќе не е дел од законодавството на ЕУ“, вели поранешниот судија, притоа истакнувајќи дека секое натамошно одлагање е правно бесмислено.

И четворица пратеници од партијата на Ториевците и пишаа на Меј изминатите недели во кое наведуваат дека пролонгирањето на Брегзитот на начин на кое тоа е направено е нелегално.