Компанијата (Amazon.com Inc)  планира да лансира мрежа од над 3000 сателити  како дел од проектот, чија цел е да обезбеди широкопојасен интернет во светот, објави во четвртокот телевизија CNBC.

Светскиот технолошки  гигант  во e – трговијата  изјави дека сака да обезбеди интернет на „недоволно покриените области“, кои инаку не би можеле да си го дозволат.

Проектот наречен (Kuiper)  е  нов вселенски камен-темелник за Amazon.com, по претходните извештаи дека компанијата сака да биде пионер во вселенскиот туризам.

Проектот (Kuiper) е нова иницијатива за подигнување на плејада сателити на ниска надземна орбита, која ќе обезбеди ниска латентност, експресната широкопојасна конекција за ненаселена и недоволно покриени  заедници низ целиот свет“, изјави портпаролот на Амазон.

Тој додаде дека „тоа е долгорочен проект кој предвидува сервисирање на десетици милиони луѓе кои немаат пристап до широкопојасен интернет. Со нетрпение очекуваме партнерството по оваа иницијатива со компании со кои  споделувме  заедничка визија“.

.