Аукциска куќа од Париз го продава револверот со кој, е можно, животот да си го одземал познатиот холандски сликар Винсент ван Гог.
Револверот со калибар 9мм, кој некои го опишуваат како најпознатото оружје во светот, на 19 јуни ќе биде предмет на аукција, наведува Асошиејтед прес.
Le « revolver de #VanGogh » aux #enchères à Paris en juin #ExcluAFP #AFP @Drouot @auctionartparis pic.twitter.com/YqYchgpn3e
— Jean-François Guyot (@JFGuyot) April 2, 2019
Оружјето е пронајдено во шеесетите години во полињата во селото Овер-сур-уаз каде се верува дека славниот сликар извршил самоубиство.
Како што се наведува, распространето е мислењето дека Ван Гог сам на себе си пукал во гради во 1890 година, иако некои автори на книги од историјата на уметноста сметаат дека сликарот впрочем е убиен.
Револверот, кој ќе биде предмет на аукција, беше изложен како експонат во музејот на Ван Гог во Амстердам.
Comments are closed for this post.