Јасен ултиматум испратија Американците до Турција – или ќе го одберат НАТО и ќе останат во алијансата, или ќе ги купат руските противракетни системи С-400. Ултиматумот го упати потпретседателот на САД, Мајк Пенс во говор за одбележување на 70-годишнината од основањето на НАТО.

Американскиот потпретседател го засили притисокот врз Анкара и побара да се откаже од договорот , иако веќе е ставен под мраз и договорот за набавка на ловци Ф-35.

Турција мора да одбере дали ќе остане важен партнер во најуспешниот воен сојуз во историјата, или сака да ризикува со сопствената безбедност со тоа што презема одлуки кои го поткопуваат напиот сојуз“, рече Пенс.

Претходно, турскиот министер за надвортешни работи, Мевлут Чавушоглу, кој исто така се наоѓа во Вашингтон, рече дека Турција не може да се откаже од договорот.

Ова е завршен случај и за него нема враќање“, истакна Чавушоглу.

Тој додаде дека системот С-400 нема да биде интегриран во системот на НАТО и затоа им предложил на Американците да формираат техника група која ќе утврди дека рускиот ракетен систем не претставува закана ниту за американските Ф-35, ниту за системот на НАТО.

И рускиот заменик премиер, Јуриј Борисов, денес во Москва потврди дека Турција не се откажува од договорот за купување С-400 притоа истакнувајќи дека „Анкара целосно ги исполнува обврските преземени со договорот“.

Американската страна преку вршителот на должност секретар на одбраната, Патрик Шенахан, на Турција им понудиле варијанта наместо С-400 да купат руски ракети „патриот“. Но, Борисов рекол дека не е „загрижен“ за договорот со Турција, што значи Анкара цврсто е решена да се држи до договорот за купување руски антиракетен систем.