Кога се работи за нашата земја, подготвен сум со секој да седнам, да разговарам, да подадам рака. И кон опозицијата. Немам никакви предрасуди. Подготвен сум дури и селфи со Мицкоски да направам. Само рака нека подаде. Но, тој нема капацитет, рече премиерот Зоран Заев на вечерашната конвенција на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во Скопје.
Ако се откаже од неговиот претходник Груевски, ќе се сликам со него и селфи, и ќе подадам рака, дополни Заев, истакнувајќи дека земјава веќе изгуби 30 години.
Земјата, според премиерот, тргна напред и застанување нема зашто тоа е правецот по кој мора, треба и ќе се движиме. Патот беше болен, рече, но друга алтернатива нема.
Ова се многу важни избори. Нашата земја чекори во вистински правец, поддржана од мнозинството граѓани дома, од целиот свет, од сите наши пријатели. Нема друг прваец. Отворено зборуваме за сите предности и слабости, дека не пости алтернатива за концептот: нашата земја-членка на НАТО, со отворени поглавја во ЕУ, со сериозни рефрми и подгнати економски капацитети. Тоа е иднината на нашата земја. Нема друг концепт и затоа нашите политички опоненти не нудат ништо. Тие се празна слама, ништо не нудат за иднината на својот народ, потенцира Заев.
Нагласи и дека е логично да има левица и десница, разлини идеологии, да има конкурентен натпревар, но меѓу нас, како што додаде, разликите се во векови. – Ние чекориме во 21 век, а нашите опоненти се останати во 19 век, напомена Заев на конвенцијата
Comments are closed for this post.