Зоран Заев и Стево Пендаровски се срамат од македонската химна, јавноста очекува одговор со што биле уценети и заплашени за да не смеат да ја интонираат македонската химна при официјална државна посета во Република Македонија, како што налага уставот на Република Македонија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Нивната реакција доаѓа по прес-конференцијата на портпаролот на Владата ,Миле Бошњаковски кој рече дека поради доцнење на авионот на грчката делегација биле изоставени сите свечени активности. Бошњаковски тврди дека ниту некогаш се разговарала химната да претрпи измени, ниту некогаш ќе се разговара.

Образложението дека селфито на Заев и ручекот со Ципрас се поважни од одвојувањето на време за интонирање на химната е уште едно понижување на македонскиот народ“, возвратијаод ВМРо-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека тоа што Заев и Пендаровски немаат време за македонската химна е најголем срам до сега во историјата на Република Македонија и како што се наведува во реакцијата, покажува колку тие ги потценуваат националните и државни обележја.

Наместо апсурдни и неиздржани образложенија Заев и Пендаровски треба да се извинат за срамот кој и го нанесуваат на државата и на македонскиот народ“, се наведува во реакцијата на опозициската партија.