Благоја Милевски и официјално беше промовиран за нов селектор на фудбалските надежи до 21 година, со кои ќе се обиде да го повтори успехот од пред две години и историскиот пласман на Европското првенство во Полска.
Секогаш е добро да се има крајна цел. Нашата е пласман на Европско првенство, но тоа не треба да им тежи на фудбалерите, ниту пак да почувствуваат некој поголем притисок. Ние не сме Шпанија, Германија или Бразил, но мораме да го дадеме максимумот и доколку ни се пружи шанса да ја искористиме. Без разлика на последните неуспешни квалификации, мораме да градиме фудбалери кои размислуваат само напред и ќе имаат цел да играат на едно Европско првенство. Оптимист сум дека ќе имаме добри квалификации“, рече новиот селектор.
Милевски истакна дека посакува во својата селекција да ги добие сите расположени сили.
Како држава немаме многу таленти како Елмас и Чурлинов, кои на терен можат да направат голема разлика. Доколку ги имаме сите тие можеме да се надеваме на пласман на тој собир. Но, ако не ги добиеме, тогаш со останатите фудбалери ќе пробаме да изградиме еден систем кој од натпревар во натпревар ќе биде сè поуспешен. На претстојните квалификации Шпанија е изразит фаворит, но не секогаш фаворитите тоа го покажуваат на терен. Ова е група во која можеме да се надигруваме со сите“, изјави Милевски.
Македонија У21 својот нов собир ќе го има на почетокот на јуни, кога ќе одигра тест-меч со Финска, а квалификациите ги отвора со Фарски Острови.
Comments are closed for this post.