Бројот на ново вработени административни службеници во 2018 година во однос на 2017 година е зголемен за 3.300 лица. Ова е информација од власта. Всушност, СДСМ признава дека лани секојдневно ја полнела администрацијата со нови 13 нови вработени. На дневна основа, обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Според портпаролот на партијата Наум Стоилковски 3.300 се нови вработени, на новоотворени работни места, не земајќи ги предвид и работните места во администрацијата кои се пополнуваат по пат на заминување во пензија или отказ од работно место на некој несреќник во администрацијата.
„Ново вработените јавни административци ја чинат државата над 1,3 милиони евра месечно, односно 15,7 милиони евра на годишно нив“, вели портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
И тоа не е се, додава Стоилковски.
„Преку агенциите за привремени вработувања во администрацијата се ангажирани дополнителни 2.439 лица. Што значи вкупната бројка е 3.300 нови административци. И тој број да потсетиме и денес расте секојдневно, со нови огласи, како оној што го потврди и македонската царина по пресот на ВМРО-ДПМНЕ пред некој ден“, истакна тој.
Comments are closed for this post.