Процесот на гасификација, еден од капиталните проекти во енергетиката е во напредна фаза.Според официјалните податоци, досега се реализирани 36 отсто на магистралниот гасовод Неготино – Битола, преку Прилеп, а очекувањата се во септември да започнe изградбата на сите фази од блок станиците, со што, практично, ќе се влезе во завршницата на овој крак, велат во СДСМ.
Веќе во следниот месец треба да финишира проектот за магистралниот гасовод Неготино-Штип, а се работи забрзано и на магистралата Скопје – Тетово – Гостивар, кадешто досега се изградени 30 отсто, со што следната година и оваа траса ќе биде целосно изградена.
Владата предводена од СДСМ во континуитет ја потврдува грижата кон граѓаните и животната средина.
Во меѓувреме, донесена е одлука за намалување на ДДВ за гасот од 18 отсто на 5 отсто, со што се намалува цената на гасот, а користењето на овој енергенс станува уште попривлечна за компаниите, општините и граѓаните.
Со приближување на завршницата околу процесот на трасите и доаѓање до секундарните мрежи се разгледуваат и можностите за субвенции или евтини кредити за приспособување на внатрешните инсталации и опрема за пристап и избор до поевтин еколошки енергенс.
Гасификацијата останува врвен приоритет за Владата предводена од СДСМ, а доказ за тоа е фактот дека за оваа цел, за оваа година во Буџетот се издвоени 1 милијарда и 557 милиони денари, или 1,1 милијарда денари повеќе во споредба со 2018 година.
Придобивките на земјава со гасификацијата се огромни. Со неа, се обезбедува значително намалување на трошоците за енергија што значи помали сметки за граѓаните и намалени емисии на штетни гасови во воздухот односно поздрава животна средина за сите граѓани
Comments are closed for this post.