Во првиот квартал од годинава се реализирани 48 милиони евра капитални инвестиции што се над 200 проценти повеќе отколку минатата година, соопшти денеска директорот на јавното претпријатија за државни патишта Зоран Китанов.

-За три пати повеќе имаме реализација на капиталните инвестиции овој квартал од 2019 година или вкупно 48 милиони евра за разлика од минатата година истиот период кога реализиравме само 15 милиони евра, истакна денеска на прес конференција,  Китанов.

Тој потенцираше дека минатата година посебно се работело на експропријацијата за да се овозможи оваа 2019 година да се засилат градежните активности на патиштата.

-Имаме преку 200 проценти зголемување на реализација на проектите во првиот квартал од оваа година, во споредба со првиот квартал од 2018 година. Во овој момент,  Јавното претпријатие за државни патишта, работи на вкупно 94 проекти, со вкупна должина од преку 700 километри патишта, на мостови и патарини со вкупна вредност од преку 850 милиони евра, истакна Китанов.

https://www.youtube.com/watch?v=G7hgiU6-BOk

Тој појасни дека само во овој квартал започната е изградба на експресни патишта, мостови, како и рехабилитација на магистрални и регионални патишта со вкупна вредност од 88 милиони евра и вкупна должина од преку 360 километри патна мрежа.

Од почетокот на година заклучно со крајот на март, како што рече, регистрирана е  наплата на патната такса во висина од  7,7 милиони евра, што е за 6,2 отсто повеќе во споредба со истиот период 2018 година.