Почина уште едно лице како последица од престрелката на улицата „Франклин Рузвелт“ во Скопје која се случи околу еден часот по полноќ во близина на СЈО.

На повредите утринава им подлегна 49-годишниот А.П. кој беше пренесен во болница веднаш после настанот. На лице место почина Н.А. (44).19-годишниот Ф.Е. и натаму е во болница, и неговата состојба е критична.

Од Полицијата велат дека работи на расчистување на случајот.

Синоќешното убиство е главна тема на муабет на социјалните мрежи. Неофицијално еден убиените е брат на познат лихвар од Скопје и дека се работи за пресметка околу долгови.