Вечерва во Брвеница кај Тетово , е уапсен водач на така нареченото патриотско здружение, Христијанско братство, Жарко Гроздановски. Тој преку видео порака му се закани со смрт на премиерот Зоран Заев.
Од МВР информираат дека вчера во 19 часот и 50 минути во Тетово е уапсено 46-годишното лице Ж. Г. Од селото Брвеница, Тетово, кое околу 15 часот на социјалните мрежи, објави видео со заканувачка содржина.
Comments are closed for this post.