Повеќе од 300 хектари високо стеблеста шума зафати пожарот во Преспанскиот регион во близина на туристичките населби Отешево и Сирхан,  вечерва е проширен и зафати дел од Националниот парк Галичица.

Во тек е состанок на Кризниот штаб по неколкуте пожари што избувнале денес.

Пожари има на неколку места. Штрбово гори, Сирхан, во националниот парк Галичица има пожар и кон Крани. Бараме помош од Охрид и од Битола. Сега засега само нашиве екипи се тука и тие од шумското. Цела територијална противпожарна единица Ресен е на терен со сите можни возила, кои се вкупно шест – информираат од Противпожарната единица Ресен.