Изјавата на Џафери направи одредено влијание, им даде аргумент за одложување на процесот на прегoварање, оценува министерката за правда Рената Дескоска.
Морам да констатирам дека дека за жал вчерашната изјава, направи одредено влијание во преговорите кои се водеа со ВМРО-ДПМНЕ бидејќи им даде аргумент за одложување на процесот на прегoварање. Со тоа практично се истакна дека ако претседателот на Собранието не закаже седница нема потрба да брзаме“, рече Дескоска.
По вчерашната изјава на министерката Десковска дека од големо значење е Собранието да се состане со цел донесување на Законот за јавно обвинителство во кој е вметнато, со реакција се јави претседателот на Собранието Талат Џафери, кој и порача на Дескоска дека Собранието работи според Деловник,а не според диктат.
Собранието на Република Северна Македонија работи согласно Деловникот, а не врз основа на диктат, а уште помалку според одредени индивидуални претензии, па дури тие да се и на еден министер, било кој и да е“, напиша Талат Џафери.
Дескоска пак апелираше кон сите политичари, да се помогне за обезбедување на мнозинство за законот за СЈО.
Влезени сме во сериозен процес на реформи, кои треба да содржат подлога за независно судство. Ни останува уште законот за ЈО, и за Совет на јавни обвинители. Правиме се да овозможиме соодветна работна основа за работа на судиите. Оваа година ќе видите дека најголем дел од буџетот е префлен на Буџетски совет. Беа одобрени вработувања во судовите, но, некои запреа заради изборниот период. Вчера имавме средба со сите пратенички групи во Собрание, разговаравме и со ВМРО-ДПМНЕ и нивните амандмани. Опозицијата треба да направи консултации. Се одржа средба на која разговаравме и слушнавме одредени ставови. Нема потреба да брзаме. Апелирам, сите политичари да помогнат за обезбедување двотретинско мнозинство за закон кој е значаен за интеграциите на нашата држава“, рече Дескоска.
Comments are closed for this post.