Системот за губиток на силата бил активен пред авионот да ја допре земјата, е првичниот заклучок од истрагата за падот на авионот на „Етиопијан ерлајнс“, известуваат британските медиуми.

„Планираната поправка на софтверот ќе ја спречи операцијата која се појавила во системот и која е централен безбедносен проблем“, соопштија од Боинг.

Истражителите на авионот „боинг 737 макс“ кој се сруши во Индонезија исто така се фокусирале на новиот систем за сила МЦАС, пренесува Ројтерс.

Истрагата, исто така, се занимава и со квалитетот на тренингот на пилотите на овој модел на авиони.

Флотата на Боинг „737 макс“ приземјена е ширум светот од несреќата на 10 март. Компанијата изгуби 28 милијарди долари од својата вредност, а ја доведе во прашање и нарачката на авиони вредни повеќе од 500 милијарди долари.

Најмалку две години пред падот на авионот во Индонезија, американските и европски регулатори знаеле дека контролата на аголот на носот на авионот од моделот „737 макс“ може нема да биде доволен во слични ситуации како во наведените несреќи.

Европската агенција за авијација и вселена издала сертификат дека авоинот е делумно безбеден заради тоа што сметале дека со дополнителните процедури и тренинг ќе им се објасни на пилотите за „невообичаени ситуации“ во кои би морале да управуваат мануелно и да го нивелираат носот на авионот.