Во Венецуела свечено беше отворена воена школа за пилоти на хеликоптери, соопшти Рособоронекспорт, руска компанија за продажба на оружје.

– Капацитетите на наставниот центар ќе им овозможат на венецуелски пилоти да минат низ комплетна обука за работа и за користење на хеликоптери Mi-17V-5, Mi-35M и Mi25T во услови блиски на вистински, изјави Вјачеслав Давиденко, портпарол на таа руска компанија.

Свеченоста е одржана во присуство на руски и венецуелски експерти, но Давиденко не прецизира каде е тренинг кампот.

Наставниот центар е основан врз договор меѓу венецуелска анонимна компанија за воена индустрија (CAVIM) и Рособоронекспорт што е дел од рускиот воено-индустриски комплекс Ростех.