Советот за безбедност на ОН денеска едногласно усвои Резолуција, чиј цел е јакнење на глобалните напори во борбата против „бројните и новите начини на кои терористичките групи обезбедуваат средства за финансирање на своите операции”.
Со Резолуцијата се бара сите 193 земји членки на ОН да обезбедат мерки во борбата против тероризмот и неговото финансирање, кои ќе се во согласност со меѓународното хуманитарно право и законите за човековите права и за бегалците.
Резолуцијата, предложена од Франција, предвидува сите држави да обезбедат домашните закони да бидат доволни за кривично гонење и казнување на оние, кои се одговорни за директно или индиректно финансирање на „терористички организации или поединци терористи за која било цел”.
Comments are closed for this post.