Ниту еден од германските инвеститори во земјава не рекол добро за работата на Владата. На прашањето “Како ја оценувате работата на актуелната влада“? , на одговорот (добро) не одговорила ниту една компанија, 46 % одговориле ( задоволително), 49 % одговориле (лошо), а само 5% немале мислење.
Ова се дел од резултатите од последната анкета за деловната клима спроведена меѓу членовите на Македонско-германското стопанство. Резултатите ги презентираше директор на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија Патрик Мартенс, во присуство на заменик амбасадорот на Германија и членови на Управниот одбор.
Според Мартенс причината за ова е сконцентрираноста кон надворешната политика, кое го одвлече вниманието од економијата. Компаниите бараат правна сигурност, безбедност и предвидливост за да ги планираат и реализираат инвестициите, очекуваат поголема вклученост во донесувањето на законските измени, како и натамошна, уште поинтензивна борба со корупцијата и криминалот. Сметаат и дека се избрзало со даночните реформи.
Економска ситуација во земјата во 2018 година 5% од компаниите ја оценија како добра, а 56% ја оценуваат како лоша, 39% како задоволителна.
Сепак компаниите се оптимисти во однос на очекувањата оваа година. 22% сметаат дека состојбите во стопанството ќе се подобрат, а 76% од инвеститорите повторно би инвестирале
61% од испитаниците се задоволни од состојбите во сопствената компанија, што претставува одличен показател, воедно кај компаниите се чувствува и оптимизам во однос на економскиот развој за 2019. Годината започна веќе со неколку нови инвестиции, а 76% од испитаните компании повторно би инвестирале во земјата. Во Северна Македонија работат повеќе од 200 компании со германски капитал кои вработуваат 20.000 лица, што игра важна улога на пазарот на трудот. Во 2018 трговската размена помеѓу Северна Македонија и Германија бележи голем раст и достигна промет од рекордни 3.646 милијарди евра“ изјави Мартенс
Клучните проблеми, напомена, и натаму се недостигот на стручен кадар, недовербата во судството, неефикасната администрација, даночните оптоварувања и непредвидливата политика кон стопанството. Според Мартенс, странските инвестиции во државата се уште не го достигнале својот максимум.
На денешната конференција за медиуми беа претставени резултатите од 14 анкета за деловната клима во Северна Македонија 2018/2019 спроведена во месец февруари 2019 помеѓу компаниите членови на Македонско-Германското стопанско здружение и Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија.
Comments are closed for this post.