Во врска со информациите кои се појавија дека „Дрексел маер“ планира да си замине од земјава, Патрик Мартенс од Делегацијата на гермаското стопанство  беше категоричен и  рече дека тоа се муабети „рекла – казала“:

Земјава има проблем со „рекла – казала“. Такво нешто не сум слушнал, ниту можам да замислам особено зашто оваа компанија е дел и од проектот за дуално образование, подвлече Мартенс.

Во однос на новите инвестиции, откри дека се работи за компании од машинската и автомобилската индустрија, но не само од Германија, туку и од САД и Австрија.

Во земјава засега работат преку 200 компании со германски капитал кои вработуваат 20.000 лица. Трговската размена, пак, со Германија минатата година достигна 3,6 милијарди евра.