Треба да пратат амандмани, за да видиме што точно предлагаат и тогаш ќе се произнесеме“ ,одговори Дескоска на прашањето од Пресинг Тв за што е можен компромис со ВМРО-ДПМНЕ за законите за обвинителство.
Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев не верува дека се пропаднати разговорите за Законот за јавно обвинителство и идниот статус на СЈО со најголемата парламентарна партија ВМРО-ДПМНЕ. Смета дека низ разговори може да се дојде до решение зад кое би застанале сите и дека до крајот на месецов може да се затвори ова прашање.
Прашан кои од условите на опозициската работна група се прифатливи, Заев рече дека за него е прифатливо сé што е уставно возможно, тоа што е прифатливо за граѓаните, што е во духот на Венецијанската комисија, во духот на реформите и на стратегијата во правосудството.
Според вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи за законот за Специјалното јавно обвинителство треба да се разговара паралелно и со опозицијата и со пратениците и, како што вели, да се обидат да постигнат консензус.
Comments are closed for this post.