Репортер на познатата тв мрежа „Ен-Би-Си“ е уловен како со плунка си ја поправа фризурата за време на јавување во живо. Имено, водителот на информативната програма во Сирија, Али Велш, се обрати кон новинарот на терен како би го вклучил во живо во програмата.
Меѓутоа, камерата очигледно неколку секунди порано се вклучи и така го улови новинарот, Мет Бредли, како си ја поправа фризурата со рацете откако претходно плукна во нив. Следеа неколку непријатни секунди додека водителот Велш чекаше одговор од неподготвениот репотрер.
„Го немаме Мет, се враќаме кај него подоцна“, кажа Велш.
Видеозаписот подоцна беше споделен на твитер и со тоа предизвика реакции ширум светот.
THIS JUST HAPPENED LIVE!!! pic.twitter.com/vEYfjtTo7S
— Valerie Breiman (@ValerieBreiman) March 22, 2019
Comments are closed for this post.