Педесет и две годишен македонски државјанин би уапсен при обид за влез во Геција, поради тоа што по него била распишана европска потерница. Потерницата ја издале германските власти за учество во криминална мрежа што пред 13 години крадела податоци од картички на банкомати, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.
Според потерницата, во 2006 година, 52-годишникот, од два банкомати во Минхен, украл податоци и лозинки на кредитни и дебитни картички со поставување на микроскопски чипови што ги снимале податоците. Потоа, тој заедно со уште две лица, со украдените податоци правеле картички – клонови и подигале пари во различни земји, предизвикувајќи штета од над 1,3 милиони евра, од кои над 200 илјади само во Германија. Мрежата била активна и во Македонија, Грција, Италија, Франција и Бугарија.
Според АНА-МПА, уапсениот бил изведен пред јавен обвинител во Солун, а во следниот период надлежниот суд ќе одлучи дали 52-годишниот ќе биде екстрадиран во Германија или не.
Comments are closed for this post.