Просечната плата во Србија за прв пат е поголема од 460 евра изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.

Во понеделник ќе ги добиете официјалните податоци дека просечната плата во Србија изнесува преку 460 евра односно е 462 евра. Тоа е 40 проценти повеќе одколку што затекнав во 2014 кога бев премиер, рече Вучиќ.

Тој истакна дека знае дека луѓето се незадоволни и дека тешко живеат, но е горд на ваквите резултати.

Говорејќи за долгот на Србија, Вучиќ истакна дека јавниот долг е ист од преед неколку години односно 23,1 милијарда, но БДП пораснал кумулативно за 10 проценти што според него значи дека и јавниот долг е пома за 10 проценти.