Кандидатката за претседател Гордана Силјановска – Давкова во интервју за Вечер вели дека новото име на државата нема да фати корен. Таа истакнува дека за да си го вратиме името ќе биде потребна мудрост, а не ја загрижуваат ниту најавите на премиерот и владејачката СДСМ за импичмент.
Да ве потсетам дека претседателот на Собранието распиша избори за претседател на Република Македонија. Второ, веќе јавно ветив дека јас нема да го користам ова име кое го сметам за наметнато и донесено преку кршење на правото. Некои од мене бараат порадикални изјави, но нам ни треба мудрост и знаење да си го вратиме името. Премиерот и владејачката СДСМ уште сега ми се закануваат со евентуален импичмент, но тоа не ме колеба во намерите. За Македонија се бореле моите предци, Илинденците и асномците, многу генерации, но и ние денес. Новото име нема да фати корен, па јас се надевам дека таквиот вид на отпор нема да се сведе само на очекувањата од претседателот на Републиката, туку ќе биде широко прифатена акција од граѓаните. Да потсетам, моите двајца противкандидати немаат никаков проблем со новото име, јас имам, вели Силјановска – Давкова.
Comments are closed for this post.