Болнички гинеколози ќе бидат и матични, за околу 16 000 жени од Македонски Брод, Демир Хисар, Крушево и Пробиштип да имаат пристап до гинеколошки услуги. Овие специјалисти ќе добијат дополнителни печати од Фондот за да можат да ја следат трудницата од почетокот на бременоста до породувањето.
За оваа цел, Комисија од Министерството за здравство со искусни гинеколози направи проверка и ги посети сите здравствени установи каде има недостиг од гинеколози, рече министерот Венко Филипче.
Тој додаде дека гинеколозите кои работат во болниците ќе може да даваат услуга како матични гинеколози, но само на примарно ниво. Дополнителни финансии за докторите кои ќе патуваат во овие градови ќе бидат обезбедувани од буџетот на министерството.
Comments are closed for this post.