Со полетувањето на првиот авион на компанијата Виз Ер од Меѓународниот аеродром Скопје кон Баден-Баден во Германија се означи официјализирањето на две нови авио линии на унгарската авиокомпанија.
Веќе промовираниот лет кон Баден-Баден ќе сообраќа двапати неделно, секој вторник и сабота, а првиот лет од втората авиолинија,Скопје – Бремен ќе биде утре. И таа линија ќе има по два лета неделно, но во среда и во недела.
Со воведувањето на овие две нови дестинации, скопскиот аеродром е директно поврзан со 39 дестинации на кои оперираат 13 авиокомпании.
Comments are closed for this post.