Американската вселенска агенција НАСА ја откри големата експлозија на метеор во Земјината атмосфера која се случила во средината на декември, но поминало незабележано бидејќи се случила во Беринговото море кај рускиот полуостов Камчатка.
Експлозијата била втора по јачина од тој вид во 30 години и најголема од онаа над Чељабинск во Русија пред шест години, тврди НАСА.
Метеорот експлодирал ослободувајќи 10 пати повеќе енергија од атомската бомба фрлена во Хирошима.
Линдли Џонсон од НАСА за ББЦ кажа дека огнената топка од таков вид се појавува два до три пати на 100 години.
Астероидот поминал покрај Земјината атмосфера околу пладне на 18 декември со брзина од 32 километри во секунда. Бил долг неколку метри и експлодирал на висина од 25,6 км над површината на Земјата притоа ослободувајќи 173 килотони енергија.
Some colour views of the #meteor that flew over the North Pacific in December 2018, taken by Japan’s #Himawari satellite.
The meteor is really clear here – bright orange fireball against the blue + white background!Background: https://t.co/r403SQxicZ pic.twitter.com/ctNN8zxsXb
— Simon Proud (@simon_sat) March 18, 2019
Експлозијата ја детектирале воени сателити, а НАСА во врска со тоа ги известиле Американските воздухопловни сили.
Д-р Џонсон изјави дека огнената топка била над подрачје кое не е премногу оддалечено од коридорот кои го користат комерцијалните авиони кои летаат на релација помеѓу Северна Америка и Азија.
Comments are closed for this post.