Руската Федерација ја призна земјава под името Република Северна Македонија, соопштија од руското министерство за надворешни работи.
На 19 февруари 2019 година Руската амбасада во Скопје доби нота од Министерството за надворешни работи на Република Македонија со која се известува за промената на официјалното име на државата во република Северна Македонија. Руската Федерација ја признава оваа држава под новото име Република Северна Македонија” – се наведува во соопштението на руското МНР.
Comments are closed for this post.