Податоците од црните кутии на боингот на Етиопиан ерјалнс, што се урна во Етиопија пред една недела покажуваат сличности со падот на индонезискиот авион од ист модел во октомври, соопшти денеска етиопската министерка за транспорт, Дагмавит Могес.

„Црната кутија за снимање на параметрите на летот покажа „јасни сличности” меѓу несреќите на двата авиона од истиот модел“, рече Могес на прес-конференција.

Причините за несреќата ќе биде објавен во рок од 30 денови, додаде министерката за транспорт на Етиопија.

Сите 157 патници загинаа откако авион на Етиопијан ерлајнс „Боинг 737 Макс 8″, летајќи од Адис Абеба кон Најроби, се урна кратко време по полетувањето на 10-ти март.

Безбедносната анализа на новиот систем за контрола на лет, имплементиран од Боинг, во моделот 737 Макс, имала неколку клучни пропусти, објави денеска Сиетл Тајмс.