Општина Струга набавила четири нови автомобили, од кои едната е луксузна за потребите на градоначалникот Рамиз Мерко. Вкупната вредност на набавката е 114.000 евра.
Општина Струга по распишаниот тендер за набавка на нови патнички возила склучи договор со друштвото за трговија на големо и мало, продажба, одржување и поправка на моторни возила и услуги „Јосифов“ ДООЕЛ увоз-извоз Битола.
Договорот за набавката на лимузините бил склучен на 28 ноември, а денеска е објавен на сајтот на Бирото за јавни набавки.
Според договорот, ќе бидат набавени едно „ауди А6“, односно лимузина седан со четири врати, вредно 66.700 евра, „шкода октавија“, лимузина со пет седишта, а вредна 18.700 евра и две „шкода рапид“, исто така лимузини со пет седишта, а кои чинат по 14.205 евра.
Comments are closed for this post.