По пет века добрососедство, односите меѓу Шпанија и Португалија може да се заострат заради историски настани. Причината е историски документ објавен од Шпанската кралска историска академија во кој се тврди дека заслугите за првото патување околу светот целосно и припаѓаат на Шпанија.
За многумина е познато дека во 1519 година Фернандо Магелан отпловил од Севиља со екипаж од 240 луѓе, со цел да открие нови патишта кон Далечниот Исток. Интересно е што по три години пловење, бродовите се вратиле, но на чело со Хуан Себастијан де Елкано, додека Магелан бил убиен околу денешните филипински острови.
Конфликтот меѓу двете држави се појави во 2017 година, кога Португалија ги објави своите намери пред УНЕСКО да го претстави т.н „Патот на Магелан“, без притоа да ги вклучи и заслугите на Шпанија.
Всушност, документот врз кој се базира заклучокот на Кралската академија го вклучува патешествието, што било обезбедено од локални трговци и од Круната. Се истакнува и фактот дека истражувачот не бил задоволен од португалското кралско семејство, па дури и го „хиспанизирал“ своето име, додека во татковината го нарекувале „ренегат“ и „предавник“.
Извештајот на Академијата вклучува и други 13 документи, што се однесуваат на самото патување, од кои некои се јавно објавени и достапни, а останатите се автентични и досега не биле објавувани. Меѓу изворите е и писмо на Елкано, кој по враќањето објавил дека ја обиколил Замјата во име на шпанскиот крал Карлос Први.
Шпанскиот десно ориентиран весник „АВС“ свечено изјави дека „секоја нација високо ги вреднува своите херои“, додека португалската реакција, очекувано, не е рамнодушна. Според Лисаботн, извештајот е националистички и политизиран, зашто не се базира на никаква нова информација. „Шпанскиот национализам е болен. Магелан влезе во предизборна кампања“, забележа весникот „Публико“.
Comments are closed for this post.