Нова дебата на премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ја прифати поканата на Канал 5. И тоа го објави на Фејсбук.
Очигледно на власта и гори под нозе и сметките не и се такви какви што ги прикажува во јавност. Добро е што по две директни прозивки премиерот конечно прифати дебата. Ја прифаќам понудата за дебата со Зоран Заев од Канал 5 телевизија, и за разлика од него без некакви дополнителни услови и барања. Ајде на дебата и тоа час поскоро да разговараме за актуелните теми. Поразот на самоволието на Заевизмот е извесен, напиша Мицкоски.
Comments are closed for this post.