Собранието даде зелено светло за измените на Законот за Влада, со кои се предвидува трансформирање на Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор во ново Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.
Пратеникот на ДУИ Ејуп Алими, на расправата за измените на законот рече дека формирањето на ова ново Министерство е неопходно и произлегува од анализата на Рамковниот договор од 2015 година.
Како што рече Алими, поддршка за формирањето ново министерство дале сите партии.
Пратеникот од ДУИ Артан Груби, се заблагодари на парламентарните партии бидејќи дале поддршка за овие законски измени, појаснувајќи ги надлежностите на новото Министерство.
Истакна оти Рамковниот договор е веќе надминат, и оти сега ќе се работи на негова имплементација.
Рече дека сите надлежности на Секретаријатот се пресликани во Министерството, но дека се додадени и нови.
Пратеникот од Партијата за Движење на Турците Енес Ибрахим истакна оти е потребно ова ново министерство, во духот на мултиетничкото општество, но посочи дека со предлог-законот не е прецизирано дали ќе се однесува на правата на помалубројните етнички заедници.
Comments are closed for this post.