Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш изјави дека климатските промени се случуваат побргу отколку што човештвото успева да одговори на нив, а тоа е поради отсуството на лидерство во меѓународната заедница.
Изјавата на Гутереш аналитичарите ја оценуваат како критика на сметка на американскиот претседател Доналд Трамп поради неговата одлука за повлекувањето на САД од Парискиот климатски договор.
Доколку сегашното ниво на испуштање на штетни гасови не се намали до 2020 година, нема да успееме да го запреме глобалното затоплување и да го задржиме под 1,5 степени. Зошто се климатските промени побрзи од нас? Еден можен одговор е дека ни недостасува доволно силно лидерство, кое ќе ги носи храбрите одлуки потребни нашето стопанство и нашето општество да остварат економски раст, но со мало согорување на јаглерод, изјави Гутереш.
Во своето обраќање пред Обединетите нации, Трамп во вторникот го поздрави успехот на САД да станат најголем производител на енергенси во светот.
Во Америка ние сериозно веруваме во зачувувањето на енергетската безбедност за нас и за нашите сојузници. Веќе сме најголемиот производител на енергенси на лицето на Земјата. Соединетите Американски Држави се подготвени да ги извезуваат своите огромни резерви на нафта, чист јаглен и природен гас – изјави Трамп.
Comments are closed for this post.