На автопатот Гевгелија – Скопје, кај клучката „Прдејци“, вчера во 14.00 часот полициски службеници запреле товарно возило „ивеко деили“ и при преглед пронашле 43 мигранти.
Како што денеска соопшти МВР товарното возило било управувано од Ш.Е.(21) од Косово, а сопственост на А.Ќ.(28) од скопското село Арачиново.
При преглед во возилото биле пронајдени 43 мигранти од Пакистан, Индија, Кашмир и Авганистан. Мигрантите биле приведени во Полициската станица за Граничен премин „Богородица“, а возачот бил лишен од слобода и предаден во Полициската станица Гевгелија. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението од МВР.
Comments are closed for this post.