Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ пред 73. Генерално собрание на ОН рече дека светските лидери мора да делуваат заедно, не само при управувањето со кризни ситуации и при решавање проблеми, туку и во ширењето на надеж и оптимизам, и потсети на неодамнешниот успех на хрватската фудбалска репрезентација на Светското првенство како пример дека и малите земји како Хрватска може да ги инспирираат другите и да стигнат на врвот.
Летово фудбалот, од сите случувања, беше во центарот на светското внимание и на момент нѐ обедини во нашите тежнеења кон исклучителноста“, рече Грабар-Китаровиќ.
Таа додаде дека по освојувањето на среброто во Русија примила бројни честитки од сите краишта на светот, од Кина, Австралија и Саудиска Арабија до Франција, Тринидад и Тобаго и Непал.
„Во тие пораки можев да прочитам дека Хрватска, земја која нема голема површина, многу жители или големо владеење, на овој начин стана метафора за тоа што може една земја да направи за да ги инспирира другите и стигна на врвот на светот, да ги освојат срцата на луѓе ширум светот и да инспирираат одушевување поради сознанието дека и нивната земја, како и секоја друга, може да го постигне истото.
За исклучителност не ви треба физичка големина, вели Китаровиќ, туку ви треба срце и упорност, а пред сѐ треба да ја споделите визијата со другите и да работите заедно за да постигнете успех. Притоа потенцираше дека не е важна големината на ничија територија – важни се големината и квалитетот на идеите.
Хрватска има уште многу брилијантни луѓе како Лука Модриќ, и тоа не само во областа на спортот. Нашиот народ е исклучителен во многу области“, рече Грабар-Китаровиќ и наброја неколку граѓани на Хрватска кои покажале исклучителни достигнувања во своите полиња на светско ниво.
Comments are closed for this post.