Мајами, еден од најпосетуваните градови во светот, би можел да биде под вода во следните 80 години, сметаат научниците. Всушност, овој град кој се наоѓа на помалку од два метри надморска височина, веќе се соочува со поплави поради зголемување на нивото на вода и кога не паѓа обилен дожд.
Сепак, пазарот за луксузни недвижности во Мајами цвета и како што велат локалните агенции за недвижности, богатите купувачи не се грижат премногу за климатските промени пишува Index.hr.
Проценките за тоа колку нивото ќе се зголеми се различни, но според Канцеларијата за океанологија на САД, би можело да достигне скоро два метри до 2100 година, исто како и просечната надморска височина од Мајами.
Сепак, се повеќе и повеќе богати бизнисмени и нивните семејства решаваат да ги напуштат федералните држави како Калифорнија и Њујорк, каде што даноците се високи и мигрираат во Мајами, со цел да ја користат Флорида како држава која не подлежи на оданочување. Многу од нив сакаат да се доселат на брегот, во луксузни апартмани и станови.
Comments are closed for this post.