Автомобил „мерцедес 220“ со швајцарска регистрација изгоре на автопатот Куманово – Скопје кај Агино село, соопштија од кумановската полиција. Случајот бил пријавен десет минути пред пладне.
Полицијата извршила увид и констатирала дека возилото се запалило во движење.
Автомобилот го управувал 70-годишниот човек од кумановско Лопате, кој се движел кон Скопје. При возењето заблежал густ црн чад под хаубата. Застанал на десната страна од коловозот и заедно со сопатничката излегле надвор. За кратко време автомобилот целосно изгорел.
Истрагата на полицијата ќе ги покаже причините за опожарувањето на возилото.
Comments are closed for this post.