Тројца од клучните играчи на Манчестер Јунајтед кои лекуваа повреди, ќе бидат на располагање на Оле Гунар Солскјер за неделното дерби со Арсенал на „Емирати”. Тоа се Антони Марсијал, Немања Матиќ и Андер Ерера. Ерик Баји, кој доби повреда во првото полувреме на дуелот со ПСЖ, исто така ќе биде на располагање.
Пол Погба, кој го пропушти дуелот во Париз, исто така ќе се врати во составот.
– Антони Марсијал ќе биде на располагање, а се надеваме дека Немања Матиќ и Андер Ерера исто така ќе бидат подготвени, па работите изгледаат многу подобро за нас. Тие едноставно имаат потреба од тоа уште два дена да тренираат со тимот. Ерик е добро, рече Солскјер
Comments are closed for this post.