Дете во Казахстан паднало од прозорец од стан на десетти кат, но за среќа било спасено од соседот кој живее под него кој успеал преку својот прозорец да го фати момчето додека паѓало.
Неверојатната драматична ситуација што се одиграла во главниот град Астана во понеделникот, ја снимил сосед од оближна зграда.
Видеото било најпрвин поставено на Инстаграм и на него се гледа како една малечка фигура се обидува безуспешно да се врати во станот преку прозорецот. Неколку луѓе сето тоа го гледаат од долу, кои држат платно веројатно со намера да го пречекаат детето доколку падне. За помалку од една минута потоа се појавува човек на прозорец под детето кое паѓа, а се слушаат врисоци. За среќа оваа драматична ситуација доживува среќен крај зашто соседот на неверојатен начин успева да го фати детето за рака додека тоа паѓа и да го донесе на безбедно место.
Спасителот, идентификуван како Артјом Карев, за локалните медиуми изјавил дека седумгодишното момче сакало да излезе надвор да се прошета. Откако се облекол видел дека родителите ја заклучиле вратата, па затоа решил да излезе преку прозор.
Инаку, во овој инцидент најмногу настрадала мајката на момчето која побарала медицинска помош откако разбрала што се случило со нејзиниот син.
Општината, пак, на спасителот му дала награда од 1.400 долари.
Comments are closed for this post.