Во близината на Лондон во реката Темза во текот на вчерашниот ден бил забележан бел кит, објавуваат научниците и додаваат дека китот е виден на стотици километри оддалечен од неговото вообичаеено живеалиште во Арктикот.

Последен пат во водите околу Велика Британија овој тип на кит беше забележан во 2015 година, во областа на североисточна Англија, во близина на крајбрежната област Нортамберленд, но бргу отплива, изјави Луси Бабеј, раководител на програмата за истражување на богатството ORCA, за „Мирор“.

„Не можам да поверувам дека го пишувам ова. Не е шега. Бел кит – белуга е забележан во Темза во близина на Коалхаус Форт“, напиша познатиот еколог Дејв Ендрус.