Пред Доналд Трамп да го расипе пријателството со канадскиот премиер, тој од Жастин Трудо доби подарок – статуа лав изгравиран во долар вреден 450 долари. А, пред да ја почне трговската војна со Кина, од претседателот Сји Ѓин Пин доби калиграфија во вредност од 14.400 долари.
Ова, се дел од подароците кои до сега ги добил американскиот претседател од светските дрќавници или духовни лидери и кои се во вкупна вредност од 140.000 долари.
Од вкупно 80 подароци, најскапиот подарок Трамп го добил од кинескиот претседател Сји вреден 16.250 долари. Станува збор за сервис за ручање со апликации од историското Мар-а-Лаго предградие во Палм Бич на Флорида.
Во колекцијата на Трамп се скапи подароци од Принцот од Бахреин, кој на американскиот претседател му подарил златен авион во вредност од 4.850 долари, а великодушен бил и поранешниот претседател на Парагвај кој подарил шах во вредност од 1.800 долари. На листата на државници кои подариле вредни подароци се Ангела Меркел, саудискиот принц, претседателот на Палестинската власт, Махмуд Абас, Емануел Макрон…
Сите овие подароци одат во Националниот архив на САД затоа што е забрането нив да ги чува претседателот, освен ако тој сака некој од нив да го откупи. Такво нешто направила Хилари Клинтон која ја откупила огрлицата од црн бисер, подарок вреден 970 долари од тоагшниот лидер на опозицијата Аунг Сан Суи Кји.
Comments are closed for this post.