Во Јужна Калифорнија удрија 1.500 громови во рок од пет минути, односно 2.2000 за пет часа, соопштија локални медиуми повикувајќи се на американскиот синоптички центар.

Од нив, 230 биле регистрирани над Санта Барбара и 40 над Лос Анџелес, соопштија метеоролозите и објаснија дека ова е премногу.

Синоптичарите ги предупредија луѓето да не ги напуштаат своите домови.

Авионот на Делта за Сиетл бил принуден да се врати во Лос Анџелес, откако бил удрен од гром. Нема повредени. Кратко била прекината и струјата на три терминали на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес.

Метеоролозите рекоа дека станува збор за феноменот „атмосферска река“ кога брзо струење се движи кон југ носејќи огромна влажна маса, но притоа тие истакнуваат дека тој феномен е типичен за пустинскиот предел.