Колосален астероид, поголем од Големата пирамида во Гиза, ќе прелета покрај нашата планета во петок со брзина поголема од 25.000 километри на час, соопшти НАСА.
Астероидот „2019 ДН“ ќе помине покрај земјата во петок на 8 март, на безбедна дистанца од 5,18 милиони километри. Научниците од Лабораторијата за млазен погон во Пасадена, Калифорнија, велат дека џиновскиот камен ќе биде најблиску до Земјата во 16 и 19 по средно европско време, (17 и 19 по наше време).
Првичните истражувања открија дека астероидот има помеѓу 90 и 200 метри во пречник, а неговата ширина може да се спореди со 20, еден по друг наредени, автобуси на спрат. Поголем е од Големата пирамида во Гиза, Статуата на слободата или Биг Бен.
За среќа, не постои опасност овој импозантен камен да удри во Земјата.
„2019 ДН“ откриен е пред две недели. НАСА неговото доаѓање го забележала на 26 февруари. Не се очекува овој астероид повторно да помине покрај Земјата во блиската иднина.
Comments are closed for this post.