Израелското вселенско летало „Беретштет“, што на хебрејски значи „Битие“, кое е на пат за Месечината ја испрати првата фотографија на која се гледа знамето на Израел, снимено од вселената со селфи камера, на далечина од 37.600 километри од Земјата.

На плочката поставена на леталото под знамето пишува „Am Jisrael haj“, што во превод значи: „Народот на израел живее“ и „Мала земја, големи соништа“, а во позадина се гледа јужната Земјена хемисфера и Австралија.

Леталото пред две недели беше лансирано од Флорида со помош на ракетата „Фалкон 9“ во сопственост на Илон Маск. „Беретштет“, кој е со големина на машина за перење и тежи 585 килограми, ќе кружи околу земјата во се поголеми кругови додека не биде зафатен од Месечевата тежа и влезе во месечевата орбита. Слетувањето е планирано за 11 април.


Ако мисијата биде успешна, „Беретштет“ ќе биде запаметено како првиот приватен вселенски брод кој долетал на Месечината и прв за Израел.