Хаотични сцени се случувале на норвешки крузер кога бродот влегол во зона на невреме каде дувале ветрови со брзина од 185 кикометри на час.

Ветрот и морето буквално го фрлале големиот брод како играчка од една страна на друга, бродот се навалил за цели 45 степени, но за среќа немало жртви.

Крузерот „Искејп“ пловел од Њујорк за Кејп Канаверал на Флорида кога го зафатило невремето при што десетици патници се повредени, а е причината значителна штета на бродот.


На шокантните видеа направени од патниците може да се види како патниците врескаат и се обидуваат да стојат на нозе. Делови од инвентарот летаат по палубата, се кршат стакла.

За среќа хоророт траел само две минути, но и тоа било доволно да се предизвика голема паника кај луѓето, да има повеќе повредени кои биле евакуирани по болниците со амбулантни возила.

На крузерот имало вкупно 6.000 лица – 4.300 патници и 1.700 членови на екипажот.