Две 17-годишни момчиња биле повредени откако синоќа со мопед излетале од патот, на делницата од Кавадарци кон селото Брушани кај Тиквешко Езеро, во месноста викана „Модри стени“.
Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, информира дека во незгодата, со тешки телесни повреди се здобило момчето Д.С. кое го управувало мопедот „Гланз 50“ со кавадаречки регистарски ознаки. Со телесни повреди се здобило момчето сопатник В.П. од Кавадарци.
На двете момчиња им била укажана лекарска помош во Општа болница Кавадарци.
Извршен е увид на местото на настанот.
Comments are closed for this post.