Оние што имаат околу 30 години и повеќе, не можат, а да не се сетат на серијата Беверли Хилс 90210 што секоја недела ги собиреше сите пред телевизорот.

Приказната за животот на богатите тинејџери од Калифорнија бележеше рекордна гледаност. Немаше кој не ги знае ликовите на Брендон, Бренда, Дилан, Кели, Дона и Брајан.

Но, малкумина знааат дека овие актери ги следи проклетство во приватниот живот, коешто им се случи по завршувањето на снимањето на серијата.

Смртта на Лук Пери, кој го играше ликот на проблематичниот Дилан, е доказ за ова. Тој имаше мозочен удар пред неколку денови од кој не се опорави.

Во таа група е и Шенон Доерти која го играше ликот на Бренда. Таа прва ја напушти серијата бидејќи и беше дијагностициран рак.

Џени Гарт, пак, со години се бореше со депресија по разводот од сопругот со кој има три деца како и за тоа што не успеа да оставари некоја позабележителна кариера.

Џејсон Пристли, односно Брендон за малку ќе го загубеше животот откако доживеа судар на авто трка па дури и беше клинички мртов неколку минути.

Тори Спелинг која го играше ликот на богаташката Дона исто така доживеа нервен слом по неколкуте неуспешни проекти и пластичните операции што ги правеше по што и се деформира лицето.

 

Јан Циринг кој го глумеше Стив не знаеше што со својата кариера по серијата па почна да работи како стрипер во Лас Вегас.

Брајан Остинг Грин едниствено оствари кариера по серијата но тој пак имаше проблеми во бракот со актерката Меган Фокс со кој има три деца.

Капак на се, продуцентите на „Фокс“ за летово најавија нови епизоди од серијата.