Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски е избран за шеф на Изборниот штаб за претстојните претседателски избори, информираат од владеачката партија.
Изборниот штаб на СДСМ, заедно со останатите политички партии кои го поддржуваат заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски, е подготвен да организира позитивна, принципиелна, мирна и достоинствена изборна кампања во духот на демократските и европските вредности“, велат од СДСМ.
Од таму додаваат дека политичките партии имаат обврска пред граѓаните и државата да дадат свој придонес кон фер и демократски предизборен и изборен период.
Во Република Северна Македонија ќе има кристално чисти фер, слободни и демократски избори. На фер и демократски избори ќе победи Стево Пендаровски, кандидат за вистински претседател на сите граѓани. Победата на Стево Пендаровски ќе биде уште една победа на концептот едно општество, победа на напредокот, развојот и интеграцијата“, стои во соопштението од СДСМ.
Comments are closed for this post.