Заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски е потврда на концептот промовиран од СДСМ за изградба на едно општество за сите во напредна, евро-атлантска Република Северна Македонија,  држава рамноправен партнер на демократскиот свет.

За првпат во историјата 30 партии од различни етнички заедници, од различни политички определби се обединија и застанаа зад еден кандидат кој обединува, кој е подготвен да ја води државата напред кон полноправно членство во НАТО и интеграција во ЕУ.

На претстојните избори, граѓаните ќе изберат вистински претседател на сите граѓани, претседател кој е противник на поделби и изолации, претседател кој ќе застане заедно со демократските и прогресивни сили и кој ќе ја промовира Северна Македонија како глобална и праведна земја.

Претседател кој ќе биде конструктивен и принципиелен партнер во започнатите реформски, интеграциски и економски процеси што се во интерес на граѓаните.

Затоа граѓаните масовно ќе излезат на претседателските избори и ќе изберат заедништво, иднина, ќе изберат да продолжиме да одиме напред.

Победата на Стево Пендаровски на претстојните избори ќе биде уште една победа на концептот едно општество, победа на нашиот заеднички пат кон напредок, развој и интеграција.